Tie Shto Znaat, Znaat
[Строфа 1]
Што да ти кажам е верувај крај
Дека се наоѓаш во римите на Страјк, што и да праиш
Јее, гледај да вреди, а ова нас ќе не прероди од пепелта ко Феникс
Па, груб сив, грув, ск зу кру плус скил луд стил жилет
Виде кине секој стих снимен, сум онај филинг
Кога посакуваш сè да бидеш, а во живот ништо не ти иде, сине
Па сум као батали сме уличари, копилиња
Без фамилии и без родители, оставени на себе надвор
Капата на глава од дукс ко фантом, луд
Зошто во душата е ладно и е сув студ минус пет
Ледена крв, а во срцето ни врне снег, црн
Пун бед грд, помеѓу живот и смрт
Омраза и љубов, улица и ништо друго
Не ми треба да ме сфатат, ако знаат, знаат
Фала дека оваа не е ни блиску до балада
Кога ќе ме нема, само пушти ме и нема повеќе да фалам
А улицата, ќе биде самата приказна за нас
И ќе биде кажана кога ќе прашаш
Така ќе сакаш ли да се вратам, за да нема тага
Па нели гледаш дека сум ужас
И дека немам повеќе душа, немам ни чувства
И само висам доле, не сум ни религиозен
Кога за бед ќе кажам Господе Боже
На улица, додека ме држат нозете борец
За тоа што е мое, за тоа стојам овде
[Рефрен]
Ако сè е црно како катран
Ако животот е расипан од сам старт
Пак, не ми треба да ме сфатат
Тие што знаат, знаат
Ако мразат, брат фала
[Строфа 2]
Кој може да суди, темите се лудо груби
Па да звучат вака ли се трудат други
А мислат знаат, го студираат и секој стих
Кажан за на крајот самите ли да го кажат
Во длабока трака, свесен ли си дека тоа не си
Дека живот значат тие зборови и песни
Што знаат за нив и за тие ноќи ладни
Ако фалат очи, повели слика ко на Модиљани
А луѓево се брзи да судат, ако не те разбираат
Те класифицираат како лудак
А зошто? Дека имам став, дека имам принцип
Дека сум различен од нив, лик
Дека немаш факс, дека нема кеш, дека нема кола
Дека нема цура, дека мислат дека се фураш
Судат дека сите се отидени у курац
Со формулата е пари за животот убав
Нека се гонат, гаси ме ти после ова
Пред да ти го откорнам срцето, не да го допрам
Пред да ти ја изедам психата во него
Пред да ти ги здробам коските во цело тело
Пред да згасне денот и да се преврти светот
Пред мирот да се претвори во терор
Пред пандемониум и пред армагедон
Пред умот да ти биде одземен од демон
[Рефрен]
Ако сè е црно како катран
Ако животот е расипан од сам старт
Пак, не ни треба да не сфатат
Тие што знаат, знаат
Ако мразат, брат фала x3